Виз ер, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и источна Европа, од петок, 4 април, отвора нова авиорута. Два пати неделно новиот авион на Виз ер, Ербас А320 (понеделник и петок) ќе ги поврзува Скопје со германскиот град Келн. Од Виз ер очекуваат оваа најнова четврта авиоврска со Германија ќе ги зајакне врските меѓу двете земји и ќе го стимулира пазарот на труд и ќе отвори поголеми можности за развој на туризмот меѓу двата града. Билетите за летовите кон Келн се пуштени во продажба по цена од само 29,99 евра и можат да се резервираат на wizzair.com. Виз ер уште еднаш ја нагласува својата посветеност кон Македонија. Отворањето на новиот воздушен пат од Скопје до Келн е долгоочекуван од македонските патници и со нашите премиум услуги од само 29,99 евра ќе може секој да си дозволи да го посети четвртиот по големина град во Германија, вели Даниел Карваљо од Виз ер.
Виз ер, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и источна Европа, од петок, 4 април, отвора нова авиорута.
Два пати неделно новиот авион на Виз ер, Ербас А320 (понеделник и петок) ќе ги поврзува Скопје со германскиот град Келн.
Од Виз ер очекуваат оваа најнова четврта авиоврска со Германија ќе ги зајакне врските меѓу двете земји и ќе го стимулира пазарот на труд и ќе отвори поголеми можности за развој на туризмот меѓу двата града. Билетите за летовите кон Келн се пуштени во продажба по цена од само 29,99 евра и можат да се резервираат на wizzair.com.
- Виз ер уште еднаш ја нагласува својата посветеност кон Македонија. Отворањето на новиот воздушен пат од Скопје до Келн е долгоочекуван од македонските патници и со нашите премиум услуги од само 29,99 евра ќе може секој да си дозволи да го посети четвртиот по големина град во Германија, вели Даниел Карваљо од Виз ер.
Авиокомпанијата Виз ер најави дека од април ќе воведе нови поевтини летови и до три нови дестинации - Париз, Брисел и Франкфурт, при што најевтините билети чинат 1.500 денари.
Мрежата на рути на Виз ер оваа година ќе се состои од 14 линии до 8 различни земји.